MKD / ENG

ПОЧЕТНА УСЛУГИ

Услуги

Што нудиме


Веб Дизајн

Запазувањето на деталите и единствениот пристап кон секој индивидуален клиент придонесува за најдобро дизајнерско решение. Тоа е една од клучните состојки за успешна веб страница. Одличниот изглед комбиниран со сеопфатната функционалност го прави вашиот бренд попривлечен на Интернет мрежата.


Проекти од категорија:
Веб Дизајн

Развој на веб апликации

Синапс обезбедува професионални веб решенија врз основа на најновите технологии и трендови. Од мини веб-сајтови до стабилни веб апликации, ние нудиме решенија за најкомплексните потреби на клиентите. Справувањето со големи количини на податоци, комплексни функционални структури и потребата од бизнис логика, овозможува да создаваме сопствени решенија кои му помагаат на бизнисот да расте и да се развива.


Проекти од категорија:
Развој на веб апликации

CMS Решенија

Нашите CMS (Content Management Systems) обезбедуваат брз и ефикасен начин на пренесување на информациите. Моќните алатки за промена на содржината се едноставни за користење и секое лице во Вашата организација ќе може да објавува, променува, зачувува и споделува текстуални документи, фотографии, аудио и видео содржини. Можностите како додавање на нови страни, линкови и мениа Ве прави целосно не зависни од вашата веб страница, заштедувајќи време и намалувајќи ги трошоците.


Проекти од категорија:
CMS Решенија

e-Commerce

Пристапете на глобалниот пазар и водете бизнис 24х7х365 со нашите е-Commerce апликации. Ви нудиме и Startup и Custom e-commerce решенија. Startup е идеален за нови бизниси кои сакаат да започнат да продаваат на Интернет. Брзата инсталација на богати и лесни за употреба е-commerce алатки, ќе ви овозможи веднаш да влезете во електронскиот пазар. Доколку Ви се потребни посебни услуги или интеграција со вашите канцелариски и сметководствени системи, Custom e-commerce e вистинското решение за вас.


Проекти од категорија:
e-Commerce

Virtual 3D

Преку едноставни веб банери до комплексно анимирани веб страници, полни со иновација и креативност. Со Flash во комбинација со други различни технологии, креираме впечатливи визуелни ефекти, доведувајќи ги импресиите на корисникот на највисоко ниво.


Проекти од категорија:
Virtual 3D


Search Engine optimization

Дали сакате да бидете на врвот на резултатите од пребарувањето на Google? Дали имате потреба од повисок ранг и повеќе посетители на вашиот веб-сајт? Па, се разбира, и ние сме тука да Ви помогнеме да се постигне тоа со минимум трошоци. Ние можеме да Ви помогнеме да се зголеми сообраќајот на Вашиот сајт преку реализација на голем број на правила, препораки и трикови за целосно пребарувачки оптимизиран веб-сајт. Ние се грижиме за секоја најмала ситница што може да помогне во оптимизацијата на Вашата веб страна: дефинирање на клучни зборови и нивно повторување, наслови и имиња, url структури, внатрешни и појдовни линкови, квалитет на содржина и многу повеќе.

Проекти од категорија:
Search Engine optimization

3Д Моделирање и Анимација

Горди сме на разновидните вештини кои ги имаме на располагање, благодарение на младите талентирани дизајнери од нашиот тим специјализирани за 3Д визуелизација. Ова ни овозможува полесно да дојдеме до свежи и инвентивни медиумски решенија.


Проекти од категорија:
3Д Моделирање и анимација


Посетете го нашиот бренд GizmoArts за повеќе информации околу нашата 3Д моќ.

Мобилни апликации

Луѓето пристапуваат на интернет користејќи на мобилни уреди повеќе од кога било досега, па така развивањето на вистинска мобилна стратегија за вашиот бизнис е поважно од било кога. Брзиот развој на мобилните телефони и таблет уредите не мотивираа брзо да се здобиеме со нови знаења со што за нас почна уште една возбудлива дигитална авантура.


Проекти од категорија:
Дизајн и развој на мобилни апликации

Хостинг

Нудиме брз и сигурен хостинг за вашите веб апликации, е-маил адреси, FTP сметки, сето тоа на безбедни и сигурни сервери.

Процесен циклус





Follow us on: