MKD / ENG

ПОЧЕТНА ЗА НАС

За нас

 


Кои сме ние

Синапс се состои од тим на креативни дизајнери и искусни програмери кои се инспирирани од магијата на дигиталната уметност и фасцинантната интернет епоха. Мисијата на нашиот тим е да го долови најдоброто и да му даде вистинска вредност која ќе помогне Вашиот бизнис да порасне и успешно да се развие. Работејќи со последните технологии и благодарение на претходното искуство, креираме единствени форми на комуникација кои придонесуваат нашите клиенти повисоко да се издвојат на денешниот конкурентен пазар.

Што работиме

Главно сме фокусирани на обезбедување сопствени решенија приспособени да одговараат на потребите на клиентот. Нудиме широк опсег на веб услуги, од едноставни веб презентации до комплексни е-commerce решенија.

Нашата предност

One-stop Internet Solutions Vendor
Со разновидноста на алатките и вештините во нашето знаење ги обезбедуваме сите услуги на едно место.

Целосен процес на развој
Нашите услуги не се однесуваат само на дизајнирање и програмирање. Нудиме целосен развој на процесот кој вклучува: дефинирање на саканите барања, консултантски услуги и спецификација на проектот, дизајн, кодирање, тестирање и валидација, одржување на производот и поддршка.

Искуство и експертство
Со повеќе од 6 години работно искуство во областа и стотици успешни проекти зад нас, имаме изградено силна база на знаење која ни овозможува да се справиме со најспецифичните барања и да дадеме решение за најкомплексните задачи.

Стандард за квалитет
Со ISO9126, меѓународен стандард за проценка на софтвер, квалитет е дефиниран како: “The totality of features and characteristics of a product or service that bear on its ability to satisfy stated or implied needs” where “stated needs” are explicitly declared by the users and “implied needs” refers to requirements users do not know. Во Synapse, квалитетот се постигнува преку постојано набљудување на проектните активности и резултати во секоја фаза од развојот.

Vast Pool of IT Professionals

Нашата бизнис филозофија

Ние, во Synapse, сме посветени на обезбедување на најдобри резултати за нашите клиенти, помагајќи им во подобрувањето на нивните бизниси во денешниот конкурентен пазар.

Разбирање на потребите на клиентите
Со внимателно проучување на потребите на клиентот ние сме во состојба да дадеме компетентен совет, ги консултираме нашите клиенти, со што стануваат способни да направат подобра бизнис-одлука. Ги приложуваме сите различни опции, скриени детали и можните решенија, кога зборуваме за проектните барања заедно со нашите клиенти. Земаме активна улога во дефинирањето на опсегот на проектот.

Партнери со клиентите
Ние сме посветени на развивање партнерски однос со нашите клиенти. Како сигурен и доверлив партнер, нашата цел е да останеме долгорочен и вреден партнер за во иднина. Ние веруваме дека вистинскиот успех на една компанија се мери со успехот на своите клиенти.

Стекнете ја довербата на клиентите
Нашиот посветен, личен и страстен пристап кон секој клиент посебно, доволно зборува дека нашата цел е да се развие еден пријатен и сигурен однос со нашите клиенти, однос изграден врз основа на макотрпна работа, посветеност и одлична услуга.




Рекоа за Synapse:

Проекти:



Follow us on: